-->
-->
Серија А: Нов рекорд на Тоти
-->
Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, испиша историја во Серија А на мечот против Сампдорија, откако стана единствениот играч кој во секоја од последните 23 сезони постигнал најмалку еден гол.
Рома и Сампдорија одиграа невообичаен меч, бидејќи паузата помеѓу двете полувремиња траеше 90 минути. Паузата ја предизвика силниот дожд во Рим.
Сампдорија по првиот дел имаше предност од 1-2, во вториот дел Тоти влезе во игра, најпрвин во 61.минута му асистираше на Џеко за 2-2, а во 92.минута Тоти реализираше пенал за победа на Рома.
„Горд сум што дадов свој придонес во ова победа, но целиот тим е заслужен за пресвртот. Признавам дека прв пат во кариерата стравував како да не промашам. Многу важно беше да освоиме три бода“, рекол Тоти кој на крајот од овој месец ќе наполни 40 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток