Серија А воведува видео-технологија

Првите луѓе на Серија А објавија дека на натпреварите од италијанското првенство од следната година ќе ја користат видео технологијата.
Серија А е едно од неколкуте натпреварувања што најави прифаќање на воведување на прегледи на видео снимките, по успешниот тест на Купот на конфедерациите, Светското У-20 и Европското У-21 првенство.
„Светските судии, така и италијанските, се подготвени за нова авантура. Нема сомневање дека на почетокот ќе има збунувачки ситуации, но уверен сум дека со текот на времето ова совршено ќе функционира“, рече претседателот на здружението на италијански фудбалски судии Марчело Ничи.
Италијанците уште претходно воведоа видео технологија на гол линијата, а ова е нов голем чекор во насока на намалување на грешките на натпреварите.
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
