Сервер: Москва никогаш нема да се откаже од Црна Гора

Независно од се, Москва никогаш нема да се отаже од Црна Гора, тврди професорот од американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“ и експерт за Балканот, Даниел Сервер за црногорскиот весник „Побједа“.
- Руските понуди се евтини и понекогаш многу ефикасни. Москва на Подгорица и на другите главни градови им даде добри причини да бидат поприврзани кон НАТО отколку кон Русија, која впреочем е регионална сила со моќ што се намалува. Русија може на регионот да му предложи само дестабилизација, истакна Сервер.
Американскиот потпретседател Мајкл Пенс за време на неодамнешната посета на Подгорица апелираше опозицијата да се врати во Парламентот, што за Сервер очекувано.
- Американците секогаш ќе бидат против бојкот на Парламентот, бидејќи тоа е контропродуктивно. Опозицијата е важна во демократијата, но неопходно е да се изрази внатре во институциите, а не надвор од нив, истакна Сервер.
Ново на Сител
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
