Северина обвинета за кражба на песна на Ријана
Најновиот спот на Северина за песната „Секунда“ од објавувањето во понеделник веќе има над 900.000 прегледи, а голем број од оние кои го виделе се согласуваат дека песната е идентична со дуетот на Ријана со Ди-Џеј Келвин Харисон, „We found Love“.
Многумина сметаат дека освен музиката и спотот потсетува на видеото на Ријана, бидеји и Северина скока во голем број брзи динамични кадри.
- Можам да разберам кога балканските пејачи и продуценти крадат грчки и турски хитови кои не се толку познати, но да ја ископирате не само музиката, туку и спотот на еден Келвин Харис и Ријана кои сепак нешто значат во светската музика и кои планетарно се популарни, во најмала рака е смешно, е еден од коментарите на песната.
Оние кои ја сметаат Северина за неприкосновената кралица на естрадата, потсетуваат дека за плагијат се смета песна со три или помалку сличлни тактови. Има и такви кои мислат дека целта на Северина била само да крене прашина и на поширокиот пазар од регионалниот.
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот