Северна Кореја истрела крстосувачки ракети како демонстрација на нуклеарен контранапад
Северна Кореја тестирала четири стратешки крстосувачки ракети за време на вежба со цел да ја покаже способноста на земјата да изврши нуклеарен контранапад против непријателските сили, јавија денеска државните медиуми. За време на вежбата, четири ракети „Хвасал-2“ беа истрелани од областа на градот Ким Чаек во провинцијата Северен Хамгјонг кон морето долж источниот брег на Корејскиот полуостров, јави државната новинска агенција КЦНА.
Вежбата покажа дека Демократска Народна Република Кореја „на секој можен начин ја зајакнува својата способност за нуклеарен контранапад во борбата против непријателските сили“, додаде КЦНА.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека го набљудувало лансирањето, но дека има „разлика“ помеѓу она што тие и САД го откриле и она што го вели севернокорејското соопштение, без да наведе повеќе детали.
Северна Кореја истрела проектили додека официјални лица на САД и Јужна Кореја учествуваа во симулациска вежба фокусирана на можноста Северна Кореја да користи нуклеарно оружје.
Во посебна изјава, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја го критикуваше Вашингтон и неговите сојузници за свикување состанок на Советот за безбедност на ОН поради нивните неодамнешни ракетни тестови.
Северна Кореја ги обвини ОН дека се „нефер“ кон нивните воени активности, додека молчат за заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска