Северна Кореја: САД го злоупотребија правото на вето
Севернокорејскиот заменик министер за надворешни работи Ким Сон-Јонг ги критикуваше САД за блокирање на резолуцијата на Обединетите нации со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, велејќи дека Вашингтон го злоупотребил своето право на вето за да го заштити Израел.
– Злоупотребата на правото на вето од страна на САД заради заштита на сојузникот кој масакрира десетици илјади цивили не е само манифестација на незаконски и неразумни двојни стандарди, туку и врв на нехуманото зло, изјави Ким за КЦНА.
Тој истакна дека САД се контрадикторни со тоа што го одобруваат продолжувањето на борбите во Газа, а во исто време го осудуваат неодамнешното лансирање на севернокорејски сателит кој, како што рече, не наштети на ниту една друга земја.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа