Шахпаска: Податоците од пописот се неопходни за креирање политики во интерес на граѓаните
Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се
наоѓа населението, смета министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Овие податоци од попист, нагласува, се потребни за да може Владата но и Министерството со кое раководи да креираат политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.
-Пописот е статистичка операција, а не политичко прашање. Ние како држава 20 години немаме основни податоци кои ни се неопходни, нам како Влада, а особено како Министерство за труд и социјална политика. При креирањето на нашите политики и носењето законски решенија и носењето одлуки кои треба да одговорат на потребите на граѓаните потребно е да ја знаете структурата на граѓаните. За нас е битен бројот на вработени, колкава е невработеноста, колкав е процентот на вклученоста на жените на пазарот на труд, колкав е процентот на еднородителски семејства, колку се корисници на гарантирана минимална попмош, колку од нив се вешти за да можат активно да се вклучат на пазарот на труд…, рече Шахпаска.
Таа е уверена дека со почитување на протоколите за заштита од пандемијата попишувањето не е ништо поризично отколку нашите секојдневни активности, одење на работа, пазарување храна, одење на лекар…
-Сите попишувачи кои поминуваат низ регуларната обука со која треба да бидат обучени како треба да го спроведуваат попишувањето секако дека имаат дополнителна обука во делот на протоколите и заштитните мерко – да носат заштитна маска, визир, дезинфекциски средства, да носат ракавици. На тој начин штитејќи се себе си ги штитат и граѓаните кај кои одат на попис, рече министерката Шахпаска по посетата на Дневниот центар за лица со попреченост во Берово.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата