Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по дополнителните пет минути остварија победа од 97:93 во дербито на 21.коло од МТел Супер лигата против Работнички. Двете екипи одиграа неизвесен натпревар со чести промени на водството, кое го имаа двете екипи.
Првиот период им припадна на гостите со 20:13, а првакот возврати во втората четвртина со 29:23 и на полувреме Работнички водеше со 43:42. И третиот период беше во знакот на шампионот 20:15 за водство по 30 минути од 62:58. Во последниот период гостите од Градски парк беа подобри со 23:19 за нерешени 81:81. МЗТ Скопје Аеродром преку Мек Смит – Меквен во последната секунда постигна коша за два поена, но судиите по прегледување на снимката донесоа одлука дека шутот бил по истекот на времето.
Во продолжението домаќинот имаше серија од 7:2 за водство од +5, но следуваше серија на Работнички од 9:0 за водство од четири поени. Сепак тоа беше сè од гостинскиот тим бидејќи во последните две минути МЗТ Скопје Аеродром имаше скор од 9:1.
Смит-Меквен кај МЗТ Скопје Аеродром и Роберт Рикиќ кај Работнички беа најефикасни во своите тимови со по 25 поени.
На другите два дуела одиграни вечерва: МКК Куманово – Кожув 89:82 и Пелистер – Тиквеш Голден Игл 82:88.
До крајот на регуларниот дел останува да се одигра уште последното коло.
Табела: ТФТ 40 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 39, Пелистер 35, Маџари 32, Кожув 32, МКК Куманово 31, Тиквеш ГИ 31, Чаир 31, Работнички 29, Феникс 29, Гостивар 26 и Ангели 22.
МИА
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
