Шапуриќ во Струмица: Ќе се засилува поддршката на домашните инвестиции

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, денеска за време на посетата на Струмица посети повеќе компании кои добија финасиска поддршка за инвестици во нова опрема и нови технологии, производни хали и друга производна инфраструктура, за подигнување на конкуретноста, истражување и развој и за вработувања на нови работници со плата повисока од 18.000 денари, согласно владините мерки за економски раст.
Шапуриќ притоа се запозна со плановите за развој на овие компании, но и со проблемите во нивното работење, соопшти прес-службата на Кабинетот на министерот.
Тој посети и неколку компании кои планираат од следната година да аплицираат за поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции и ги охрабри и сите компании да продолжат да инвестираат, бидејќи еден од главните столбови на економскиот раст е токму порастот на индустриското производство што е повисоко за повеќе од шест проценти во првата половина на оваа година во споредба со истиот период лани.
На средбите со менаџментот на повеќе струмички компании заеднички е констатирано дека забрзувањето на процесите на патот на Република Македонија кон полноправно членство кон Европската унија и НАТО, силно ќе влијае на економскиот раст, бидејќи ќе станеме дел од единствениот европски пазар од 520 милиони потрошувачи и многу позасилен и полесен пристап до европските финасиски фондови. Струмичките стопанственции како пример ја посочија соседната Бугарија каде по полноправното членство на Бугарија во ЕУ, голем број на бугарски компании со кои тие соработуваат доживеале интезивен раст.
Шапуриќ имаше средба и со градоначалникот Коста Јаневски, каде што беа сумирани резултатите од нивната досегашна заедничка активност на промоција и поддршка на струмичките компании, како и за идните активности заеднички да ги охрабрат струмичките компании да инвестираат и да ги користат владините мерки за финсиска подршка на инвестиции и за економски раст.
Јаневски го запозна Шапуриќ со активностите на општината во инфраструктурни проекти кои ќе влијаат на подобрување на бизнис климата во струмичкиот регион. Јаневски нагласи дека подршката на државата за намалување на долгови на општините ќе влијае за поефикасно работење на општините.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
