-->
-->
Шарец: Хрватска е далеку од Шенгенот
-->
Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави денеска дека Хрватска се уште е далеку од членство во шенгенскиот простор, не исклучувајќи ја можноста неговата Влада да го поврзе прашањето за словенечка поддршка на Хрватска со нерешениот арбитражен спор околу Пиранскиот залив.
– Што се однесува до шенгенот, Хрватска е уште далеку од исполнување на критериумите за членство и во таа смисла мора уште многу да направи – рече Шарец во интервју за словенечката телевизија ПОП-ТВ.
Одговарајќи на прашањето дали Словенија ќе го блокира членството на Хрватска во Шенген зоната поради нерешеното гранично прашање и арбитражниот спор, тој рече дека „се уште се далеку од точката во која би можело да се зборува за некаква словенечка блокада“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје