„Шарените“ и СДСМ во обид да направат инцидент, спречени од полицијата
Не успеа обидот на таканаречените “шарени револуционери“ да исценираат инцидент за време на прославата на 26. роденден на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Музејот на ВМРО.
Полицијата спречи еден од активистите на „Шарената револуција“ во обидот пушти транспарент од Камениот мост и со тоа да исценира инцидент.
Според информациите од терен, предводници на групата биле директорот на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) Саша Богдановиќ, истакнатите активисти на шарената револуција Замир Мехмети, Павле Богоевски, синот на актерот Драган Спасов – Дац и други платеници на СОРОС.
Тие се обидоа да направат инцидент и да ја испровоцираат полицијата која ги спречи. Целата случка се одвиваше на другата страна од Вардар, карши музејот на ВМРО каде лидерот на владејачката партија Никола Груевски имаше свое обраќање по повод 26 роденден на партијата.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов