Шеесетина поети учествуваа на 12. „Поетско Маркукуле“
Шеесетина поети од повеќе градови на Македонија учествуваа на 12-тата манифестација „Поетско Маркукуле“ која синоќа се одржа во градската библиотека во Прилеп.
Според организаторите на настанот, целта е на афирмирани и особено на неафирмирани поети да им се даде можност да ги претстават своите дела.
- Целта е сите поети да се соберат на едно место. Манифестацијата е ревијална, никој да не се чувствува како поразен туку сите да бидат победници. Песните не се селектираат. Секоја година има се повеќе и повеќе поети кои учествуваат, истакна Цветанка Григорова, организатор на манифестацијата.
На „Поетско Маркукуле“ прво настапуваат деца до 15 години, а потоа возрасни. Секоја година се повеќе има учесници и однадвор, односно македонски иселеници странство, а во последните неколку години, според организаторите, учествуваат и странски државјани.
- Манифестацијата секоја година се одржува во природа, на Тронот кај Слонот на Маркукуле, но годинава поради природните непогоди, пожарите кои беснеат во нашата општина, одлучивме манифестацијата да се одржи во градската библиотека, изјави Григорова.
Идејата за манифестацијата е на Љубен Димкароски-Димкарот кој во 2005 година предложил настанот да се одржува на Маркукуле и песните да не траат подолго од две минути. Наредната 2006 година веќе почнало организирањето на манифестацијата. Нејзини покровители се Општина Прилеп и Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп.
Ново на Сител
-
Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно
-
АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
-
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
-
СКСЗМ бара 500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор
-
Во Дебар приведено лице кое се заканувало на вработените во Општата болница
-
Приведен стружанец осомничен за измама
-
„Кликс“: Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати