Македонија
18. October 2022 - 8:44

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска во Скопје

Словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, при што ќе се сретне со нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамки на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.

Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.