Шефот на дипломатијата Димитров во посета на Финска

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамки на регионалната посета на нордиските земји, денеска ќе престојува во работна посета на Хелсинки.
Димитров вчера беше во Стокхолм каде се сретна со министерот за надворeшни работи на Кралството Шведска Маргот Валстром.
На средбата е усвоена Декларација за соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шведска, со која, како што соопшти МНР, се потврдува поддршката за нашите стратешки цели и се утврдуваат полињата од заемен интерес за градење на понатамошна поконкретна соработка.
Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата со својата шведска колешка ја потенцирал цврстата определба на реформската Влада за враќање на земјата на патот на европските интеграции, трасиран преку реални и темелни реформи во областите од суштинска важност и спроведување на политика на отворен дијалог со сите свои соседи, базирана на европските вредности и принципи, како и дека враќањето на влијанието и поддршката од нашите европски пријатели е клучна во таа смисла.
Валстром изразила силна и недвосмислена поддршка за активностите на новата македонска Влада за брзо ревитализирање на европската перспектива на Македонија и уверила дека Шведска е искрено заинтересирана за зголемување на конкретната помош во области што се најкорисни за нашата реформска агенда.
Од МНР информриаа дека на покана на министерот Димитров е договорена возвратна посета на Валстром на Македонија оваа есен.
Во рамки на својата посета на Стокхолм, министерот Димитров остварил средби и со првиот заменик-претседател на Парламентот на Кралството Шведска Тобиас Билстром, со членови на парламентарната Комисија за европски прашања, како и со високи претставници на Институтот СИПРИ, меѓународниот центар Олаф Палме и Социјалдемократерна.
Нордиската турнеја министерот за надворешни работи Димитров ќе ја заврши утре со посета на Осло.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
