Шефот на еврогрупата на СИРИЗА, европратеникот Пападимулис си поднесе оставка и заминува од партијата
Од политички, а не лични причини, како што самиот објаснува, шефот на еврогрупата на СИРИЗА, европратеникот Димитрис Пападимулис заминува од партијата и паралелно си поднесе оставка од актуелната позиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Преку писмо до лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, секретарката на партијата и нејзиниот заменик, Пападимулис објаснува дека ќе продолжи да биде европратеник до крајот на мандатот и ќе продолжи да ја извршува функцијата потпретседател на Европскиот Парламент, но ја напушта партијата.
-Со ова писмо сакам да ве информирам за мојата одлука повеќе да не бидам член на СИРИЗА. Не беше воопшто лесна одлука.
Ја донесов по долго размислување, со чувство на одговорност, жал, но и агонија за иднината на модерната европска левица во нашата земја, пишува Пападимулис.
Европратеникот на пролет ќе го заврши неговиот трет и како што самиот вели, последен мандат во ЕП, а дотогаш ќе продолжи „доследно да ѝ служи на програмата со која беше избран“.
Од 2014 година, Пападимулис е шеф на еврогрупата на СИРИЗА, позиција од која сега си поднесе оставка.
Заминувањето на европратеникот од СИРИЗА доаѓа само неколку часа откако фракција од девет пратеници ја напушти партијата.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
