-->
-->
Шефот на унгарската дипломатија Сијарто денес во Скопје ќе предаде помош за справување со коронавирусот
-->
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.
Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Македонија, за полесно надминување на овие предизвици.
-Воедно, за време на средбата ќе се разменат и информации за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Македонија. Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија, наведуваат од МНР.
По средбата, министрите Димитров и Сијарто ќе одржат прес-конференција која ќе може да се проследи во живо на лајвстрим во ХД резолуција со превод на македонски јазик од изјавата на унгарскиот министер. Новинари и камери, како што се посочува, не се предвидени во Министерството, а прашањата треба да ги испратат до МНР најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка