Шефот за човекови права на ОН со осуди за напливот на омраза предизвикан од војната во Газа
Шефот на ОН за човекови права денеска изјави дека е „згрозен“ од „наглиот пораст на омразата на глобално ниво“ од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври.
Волкер Турк силно изрази жалење за зголемениот број случаи на антисемитизам, исламофобија и други говори на омраза, и онлајн и офлајн.
„Влијанието на оваа криза… испрати шокови низ секој регион, дехуманизирајќи ги и Палестинците и Евреите“, наведе Турк во изјавата.
„Сведоци сме на остар скок на говорот на омраза, насилство и дискриминација, продлабочување на социјалните фрактури и поларизација… Слушнав и од Евреите и од муслиманите дека не се чувствуваат безбедно, и тоа ме растажува“, додаде тој.
Турк нагласува дека ширум светот „исламофобичното и антисемитското вознемирување, нападите и говорот на омраза се намножија, вклучително и во контекст на протестите поврзани со конфликтот“.
Високиот комесар на ОН за човекови права, исто така, ја потенцира и „запаливата, токсична и омраза реторика“ што ја користат политички лидери.
„Јазикот на омраза што се користи, вклучително и на социјалните мрежи, е одвратен“, рече тој.
„Според меѓународното право…секое застапување на национална, расна или верска омраза што претставува поттикнување на дискриминација, непријателство или насилство е забрането“.
Ново на Сител
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања