-->
-->
Шехтански: Пресудата за убијците на Саздо ќе биде укината?!
-->

Пресудата за обвинетите за убиството на скопјанецот Никола Саздовски – Саздо, ќе е осудителна, но со жалба заради немање докази и мотив за свирепо убиство, пресудата веројатно ќе биде укината.
Ова го тврди Ванчо Шехтански, адвокат на семејството на убиениот Саздовски, во статус кој го напиша на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Како причина за ваков развој на настаните во судскиот процес, тој го наведува тоа што судот го одбил неговото барање за вештачење на мобилните телефони на Саздовски и на убијците, како и вештачење од страна на одделот за форензика при МВР на месенџер комуникацијата.
Шехтански смета дека токму со вештачењата ќе се докажел мотивот за злосторството.
"Не практикувам долги текстови , но вечерва чувствувам обврска, Македонската јавност да биде целосно запозната. Како адвокат на семејството на Никола Саздовски кој беше брутално убиен од стана на три лица, на денешното судско рочиште побарав вештачење на неговиот мобилен и мобилните на извршителите, како и вештачење од страна на одделот за форензика при мвр на месенџер комуникацијата. Ова беше одбиено од страна на судот, како непотребно, извршителите наводно немале мобилни но и заради тоа што тоа не го барало Обвинителството во текот на истрагата ? Чудно, зошто тоа е лесно утврдливо и претставува неспорен мотив за злосторството но очигледно целта е после првостепената пресуда која ќе е осудителна со жалба заради немање докази и мотив за свирепо убиство, пресудата да биде веројатно укината.
Поентата е дека намерно се крие мотивот, обвинителството очигледно е на другата страна и наместо да обезбеди докази тоа ги крие, а комуникацијата која претходела пред настанот со сите сили се крие, па се води кон, гнасна опструкција во која “ виновник ќе биде летачка метална кутија”, со придружни протести на обесправени граѓани.
Професионално ќе сторам се’ во името на правдата и честа за детето кое Неможе да се врати, но институционални намерни опструкции можат да се сопрат само со вас, да не биде и ова еден од многуте, големи предмети без финален завршеток со политички меѓуетнички пазар."
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
-

Дете извадило нож во ОУ „Киро Глигоров“, мајката потпишала изјава дека ножот во ранецот го ставила по грешка
-

Милошоски: Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија
-

Претседателката Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бегај
-

Почина проф. д-р Кита Бицевска, истакнат македонски филолог и професор по славистика
