Шекеринска: Фокусирани сме на реформите на одбранбените сили
Силно сме фокусирани на реформите кои треба да ни помогнат на патот кон надминување на проблемите кои досега ги засегаа сите припадници на одбранбените сили на Министерството за одбрана на Република Македонија. Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
На средбата се разговараше за интензивирање на актуелните политики на Министерството за одбрана, за решавање на статусот на професионалните војници, како и за промоција на можностите и мерките за пријавување млади лица од општината на конкурсите за отслужување воен рок, што воедно би претставувало и можност за нивен понатамошен професионален ангажман од страна на Министеството.
Шекеринска посочи дека, и таа како министер и целото Министерство се отворени за било каква поддршка во процесот на утврдување на потребите од оваа област и испрати јасна порака дека ваквиот вид на соработка е еден од нејзините врвни приоритети.
Мицевски ја поздрави искажаната подготвеност за соработка од страна на министерката. - Ова е нова клима за продлабочување на соработката и начинот на кој заеднички преземаме чекори за пружање на поддршка во надминувањето и решавањето на проблемите и статусот на младите кривопланчани, припадници на професионалните војници и другите одбранбени сили во служба на АРМ, изјави Мицевски.
На денешната средба беше посочено дека постои силна политичка волја за конкретна соработка, како и цврст линк помеѓу политиките на централната и локалната власт.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228