Шекеринска за пописот: Време е да се преброиме, доволно чекавме!

„После цели две децении, конечно имаме знаење, можност и согласност дека пописот е најважната статистичка операција која не смееме да ја одложуваме. Претстојниот попис на населението е наша заедничка обврска и одговорност. Треба да видиме колку сме на број, за да создаваме соодветни политики кои ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за македонското општество“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео обраќање кон граѓаните.
Шекеринска потенцираше дека пописот ќе покаже каде има најмногу невработени и која политика за развој на вработеноста ќе даде најдобри резултати. Таа рече дека пописот ќе помогне во вработувањето на младите во одбраната и во развојот на системот за кризен менаџмент.
„Со вистинските податоци ќе можеме подобро да ја подмладиме и одбраната. Да привлечеме млади војници токму од средините каде што имаме најмногу невработени, да им помогнеме тие млади луѓе да ги добијат можностите за напредок во кариерата што ги дава војничката професија. Овие статистички податоци се клучни и за да развиеме подобар систем за кризен менаџмент. Пребројувањето и пописот, на пример, ќе ни кажат колку пожарникари треба да има во секоја од вашите средини. Да знаеме колку се потребни во секој град, во секоја општина. Само знаејќи колку сме, можеме да организираме систем кој ќе биде секогаш пополнет и подготвен да ви помогне вам, на вашите семејства, на вашите соседи“, рече министерката Шекеринска.
Пописот е заедничка одговорност, но и заедничка шанса за подобар локален развој, додаде Шекеринска и порача – да се преброиме, доволно чекавме.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
