Шеќеринска: Веруваме дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат за Македонија како членка на ЕУ и НАТО
Веруваме дека мнозинството граѓани на референдумот ќе се изјаснат за Македонија како членка на ЕУ и НАТО и дека ќе порачаат до избраните пратеници дека тоа е иднината која им ја посакуваат на своите деца и на своите семејства. Ова го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за Канал 5 телевизија.
- Неколку пати кажавме дека ќе ја почитуваме волјата на мнозинството граѓани. Сакаме да ги консултираме граѓаните околу имплементација на Договорот со Грција, која подразбира уставни измени кои ќе ги прави Собранието на РМ. Сметавме дека каков и да биде референдумот клучната порака, клучната политичка одлука која ја донесовме и во соработка со најголемиот дел од парламентарните политички партии е дека ќе го слушнеме гласот, мислењето на мнозинството граѓани и дека истото ќе го почитуваме, рече Шеќеринска.
Сите главни политички партии, потенцира, се изјаснија во поддршка на одржувањето на референдум. Таа рече дека најголемата опозициска партија десет години зборува за потребата од референдум.
- Со каков образ ќе излезат во јавноста и ќе им велат на граѓаните да не излезат да гласаат, да не учествуваат на референдумот за кој дискутирале десет години. Ако сите политички партии кои тврделе дека референдумот е добар за Македонија, ако сите политички партии реално ги повикаа своите избирачи, симпатизери да излезат и да ја искористат шансата на овој референдум тој ќе биде целосно успешен, нема дилеми, но, не смееме од друга страна изјаснувањето да го направиме да биде заложник на нечии туѓи политички математики, посочи Шеќеринска.
Ако ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии сметаат дека мнозинството граѓани се против членството во ЕУ и НАТО со спроведување на Договорот со Грција, потенцира, дотолку повеќе треба да ги убедат граѓаните да излезат да гласаат „против“ и навистина да ги споредиме бројките.
Во врска со тврдењето на опозицијата дека ако овој Договор пропадне и ако тие имаат можност ќе издејствуваат подобар договор, посочи дека го гледала интервјуто со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но не слушнала ниту еден одговор, ниту еден аргумент и ниту една теза, идеја како тоа ќе го направат освен празно ветување.
- Имаа 11 години само во последниве и вкупно 17 години да постигнат таков договор. Во овој момент добивме Договор кој го заштитува нашето клучно прашање македонскиот идентитет и во исто време ги отвора вратите за членство во НАТО и ЕУ за нашата држава. Сакаме оваа држава да ја заштитиме од можна дестабилизација, да ја заштитиме од стравови поврзани со тоа, сакаме да ја понудиме на домашните и странските инвеститори како држава во која не треба да се плашат за својата фирма, ниту за своето семејство, перспективи и иднина, додаде Шеќеринска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот