Шест лица повредени во сообраќајки во штипскиот регион
Четири сообраќајни несреќи се случиле синоќа во штипскиот регион. Во две од нив шест лица се здобиле со телесни повреди и се пренесени во штипската Клиничка болница.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека во првата сообраќајна несреќа кај штипската населба Три чешми учествувале три возила и се повредени пет лица, а неколку часа подоцна се случила сообраќајка и на патот Штип-Велес во која учествувале две возила, а со телесни повреди се здобило едено лице, кое исто така е хоспитализирано во болницата.
Сообраќајна несреќа имало и на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Пилав Тепе“ во која учествувале две возила. Карактеристична е несреќата кај крстосрницата на улицата „Сремски Фронт“ во Штип, каде шест возила движејќи се во ист правец се судриле, односно се случил вистински карамбол.
Во оваа несреќа повредени нема. Според првичините информации причините се неприлагоденатата бризна и растојание меѓу возилата, како и условите на патните правци во земјава. Токму во тој период во штипскиот регион имаше и интензивни врнежи од снег.
Ново на Сител
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната