Шест лица загинаа во пожарот во Гринфил тауер во Лондон

Шест лица загинаа во пожар, што изби во зграда од 24 ката во Лондон, соопшти полицијата.
- Засега можам да потврдам за шест смртни случаи, но таа цифра најверојатно ќе се зголемува, изјави Стујарт Канди од Метрополитен полицијата.
Пожарникарите се уште се борат со пожарот, кој изби по полноќ во зградата што се наоѓа во западен Лондон.
Најмалку 50 луѓе се повредени во пожарот.
Стабилноста на зградата во која има 120 станови, ја проверува инженер, соопшти пожарникарската бригада, со напомена дека сега зградата е безбедна и пожарникарите може да влезат во неа и да спасуваат животи.
Комесарот на Лондонската противпожарна бригада Дени Котон вели дека пожарникарите успеале да стигнат до 19. и 20. кат од зградата, која е позната како Гринфил тауер.
Изградена е во 1974 година со средства од општините Кенсингтон и Челси. Таа е во состав од станбен комплекс во Западен Ланкастер, со вкупно околу илјада домови.
Облакодерот лани бил реновиран за 10 милиони фунти. Станарите биле предупредени за ризик од избивање пожар поради смет околу зградата натрупан за време на реновирањето.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави дека некои прашања ќе мора да се одговорат во врска со безбедноста на облакодерот.
Британски медиуми јавуваат дека во зградата во момент на избивање на пожарот имало околу 600 луѓе. Повеќе од 250 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот и околу зградата има сто амбулантни возила. Засега не се знае за причините за пожарот.
Ново на Сител
-

25. годишна конференција на Македонска берза
-

СДСМ со законски измени ќе им помага на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ за неисплатени субвенции
-

Прв случај на западно-нилска треска и во Сарај, ИЈЗ апелира граѓаните да се заштитат
-

За 3 години изгореле речиси 83 илјади хектари шума, штетата е над 133 милиони евра, констатира ДЗР
-

Вработените се жалат од претседателката на кумановскиот суд: Обвинуваат за мобинг, најавуваат штрајк
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
