Шест сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачејето на Скопје изврши увид на шест сообраќајни несреќи, од кои три се со материјална штета, во две учесниците се здобиле со телесни повреди, а во една со тешки телесни повреди.
Полицијата санкционира и тројца возачи кои поминале на црвено, шест возачи кои при возење не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон, осум нерегистрирани возила, шест лица кои управувале возило без возачка дозвола, 23 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила, а со помош на „пајак службата“ отстранети се 34 возила.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката Пролет во општина Карпош.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
