Македонија
18. April 2017 - 12:11

Шести Фестивал за слика и филм за деца и млади „Буф“

Шестиот Фестивал за слика и филм за деца и млади „Буф“ ќе биде одржан од утре до 26 април во Кинотека на Мекедонија. 

Организатори се Гете-институтот во Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија, кои најавуваат прикажување висококвалитетни германски филмови за деца и млади. Ќе бидат прикажани анимираниот филм „Спасете го Рафи“, авантуристичката комедија „Офлајн–животот не е бонус ниво“,„Тајната на сафирот“, „Сам против времето“ и „Рики“. 

- Оваа година во преден план е темата за авантурите и предизвиците. Направивме возбудлив микс од филмови за деца и млади и скоро сите се одликувани со предикатот „посебно вредни“ од страна на германската сојузна комисија за вреднување на филмови и медиуми, соопштија организаторите. 

На годишниот натпревар учениците треба да споделат со PASCH-заедницата слики или кратки видеа со актуелниот хаштаг во врска со темата на месец април. Тројцата уечесници со најмногу лајкови ги очекуваат вредни награди како јазични испити на Гете-институт и други подароци. За наставниците ќе се одржи дводневна обука на тема „Филмови во наставата по германски јазик“. Референтката и наставничка Кристл Рајсенбергер ќе покаже како употребата на филмови може да ги мотивира учениците и дека нуди и многу дидактички можности за настава, која е ориентирана кон учениците и активнотото учење.