Свет
9. December 2016 - 11:57

Шестмина полицајци загинаа во експлозија во Каиро

Шестмина полицајци загинаа денеска, а седум лица се повредени во експлозија во Каиро, за која властите сметаат дека веројатно е терористички акт.

Во експлозијата повредени се тројца полицајци и четворица цивили.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.