Шестмина повредени од кои четири деца во напади на бездомни кучиња во Тетово

Во СВР Тетово во текот на вчерашниот ден биле регистрирани шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години.
- Три од пријавите се за напади што се случиле на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“, и по еден на улиците „Јордан Златаноски“, „Михајло Раичевиќ“ и „Димо-Гавроски-Кара“, информираше СВР Тетово.
Градоначалникот Биљал Касами кој денеска беше дел од кампањата за поголема еколошка свест, на новинарско прашање кога ќе почне најде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.
- Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на Општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами од настанот во ООУ „Наим Фрашери“.
Според евиденцијата во СВР Тетово досега се нападнати и повредени 26 лица, кои за тоа поднеле пријава до полицијата.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“, родителите ја напуштија судницата
-

Во Источна Македонија најмногу потрошувачка на лекови на рецепт
-

Жените во Тетово ќе се капат во посебни термини во градскиот базен
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
