Шилегов: Финансиска поддршка за младите родители, средношколците и студентите
Актуелниот и кандидат за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов, денеска ги повика младите да излезат на вториот круг на изборите за Градоначалник на Скопје и да го дадат својот глас за опцијата која најдобро ги застапува нивните интереси и потреби. Тој ги претстави деловите од неговата програма кои се однесуваат на средношколците, студентите, но и на младите брачни парови.
– Средношколците и студентите во првиот мој мандат добија целосно бесплатен јавен превоз и тоа се покажа како правилна политика. Сега одиме понатаму и на сите постдипломци и докторанди во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси, како и 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети, вели тој.
Шилегов понуди социјален пакет кој треба да им ги намали трошоците за воспитување и образование на децата, но и да ги поттикне паровите да создаваат семејства.
– Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на најмногу 50 отсто од месечниот трошок. За секој средношколец од државните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој. Сите ученици во градот ќе добиваат до 50 отсто поевтин оброк за време на престојот во училиште. За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот, наведува Шилегов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното