Македонија
3. July 2019 - 13:13

Шилегов: Се работи интензивно на реконструкција на улиците, проблемот е кај нетрпеливите граѓани

Во градот се работи интезивно на реконструкција на улиците, сигнализацијата е соодветно поставена проблемот е кај нетрпеливите граѓани. Градоначалникот на Скопје денеска најави градежни активности на ул.Московска. Ќе се реконструира во должина од 690м и ќе чини 8 милиони денари. 

Попладнево почнува реконструкција на мостот Гоце Делчев потег Мавровка - Влада, а ќе се работи од 17 до 22часот. 

Тендерот за набававка на еко автобусите ќе биде објавен во петок. 

Деновиве ќе се прска повторно против комарци, а Шилегов рече дека за годинава е предвидено да се прска 5 пати.

Мирјана Давидовска