Шилегов: Со тунелот под „Лимак“ го решаваме сообраќајниот метеж за следните 50 години
Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, кој е е во трка за уште еден мандат, очекува до 2024 година Скопје да биде град без сообраќаен метеж со најголема пешачка зона во центарот на градот.
Ова, според него, ќе се реши со реализација на коридорот со тунел кај хотелот „Лимак“ и со пробивање на булеварот „АСНОМ“ и изградбата на мостот „Михајло Апостолски“. Со овие два коридора би се ослободил центарот на градот од сообраќајниот метеж и би се создале услови овој дел да стане пешачка зона.
–Ова што денес го презентираме, многумина рекоа дека не може да се реализира, но денес гледаме дека не само што може, туку сме на половина пат, а до крајот на 2024 година целосно ќе постои. Овие два зафати ни овозможуваат централното градско подрачје да го претвориме во пешачка зона, а меѓу овие два коридора да го вметнеме бас рапид системот, рече Шилегов на презентацијата на тунелите со кои се спојува булеварот „Македонија“ (Јужен булевар) со бул. „Кочо Рацин“ и поминуваат под објектот на „Лимак“.
Пешачката зона ќе биде од Стара железничка до Битпазар од една страна и од Градска болница до „Палома Бјанка“ од друга страна со мал технички сообраќај за граѓаните кои живеат во овој дел на градот.
Целиот проект, како што денеска посочи Шилегов, доцни пет-шест години, бидејќи за него немало изработено ниту инфраструктурен проект, ниту имало градежна дозвола за тунелите. Целиот процес сега е изменаџиран за околу осум месеци.
За планот да биде целосен предвидени се уште две сообраќајни решенија од кои првото е клучката кај Момин Поток, кој е во изградба, а вториот е пробивање на булеварот „Словенечка“ кон Визбегово за кој постапката е во тек.
– Ова е визија за Скопје, визија за градот без проблеми во наредните 50 години. Ова е визија која треба да се реализира до 2024 година. Вака се работи стратешки и плански и се развива градот за следните генерации. Она што ние ќе го направиме во овие осум години ќе им служи на многу идни генерации, рече Шилегов на денешната прес-конференција.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност