Македонија
19. October 2020 - 12:44

Шилегов: Во автобусите се почитува пропишаниот капацитет од 75% исполнетост

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов тврди дека во градските автобуси се почитува мерката за 75% исполнетост на капацитетот. Доколку Комисијата за заразни болести определи поинакви мерки, тие ке бидат спроведени, вели градоначалникот.

Тој потенцираше дека ако се споредат статистичките податоци, ќе се види дека во ЈСП во изминатиот превезле за една третина помалку патници споредено со истиот период лани.

Шилегов повика и на чична одговорност, бидејки според него, на фотографиите кои кружат по социјалните мрези каде се гледа гужва во градските автобуси, исто така се гледа и дека има патници кои воопшто не носат маски.

 

Мирјана Јовеска