Шилегов: Забавниот парк ќе биде пуштен следната година и ќе претставува регионална атракција
Забавниот парк што го гради Град Скопје ќе биде пуштен наредната година и ќе претставува регионална атракција. Паркот е комерцијален објект кој ќе генерира средства и од тие средства ќе се враќа кредитот на задолжување, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој додаде дека забавниот парк ќе биде регионална атракција каква што нема во радиус од најмалку 200 километри од Скопје и ќе биде предмет кој освен во Скопје ќе привлекува и странски гости.
-Градиме забавен, не луна парк. Јас не инвестирам во споменици, јас не инвестирам во нерентабилни работи, инвестираме во нешто што ќе носи економски бенефит, истакна Шилегов во одговор на прашање пред почетокот на седницата на Град Скопје.
Според Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ и нивните сопственици немаат елементарен поим како се води Градот и како Градот добива на вредност.
-Граѓаните знаат дека така што очекувањата дека во рок од седум години би требало со целокупно профитабилно работење на забавниот парк се вратат сите средства коишто се предмет на кредитно задолжување, што е првпат да излезе градот со профитабилна варијанта на локацијата на поранешниот луна парк. Не водиме град во којшто ќе ставиме споменици коишто ете стојат, дури и трошиме пари за нивно одржување, не личи на ништо градот, дури да речам дека може да конкурира иако нема концепт да биде вториот забавен парк во Скопје, додаде Шилегов.
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, денеска обвини дека Шилегов со кредитите од 15 милиони евра секое семејство во Скопје ќе го задолжи од прилика со 100 евра.
-Од овие 15 милиони евра, 12,5 милиони евра се за забавен парк кој веќе требаше да биде завршен и во кој во голема мера беше изработен со обезбедени реквизити коишто ги наследи. Јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ ќе ги заглави со долг од 2,5 милиони евра за наводна набавка на опрема во исто време кога го зголемува бројот на партиски вработувања, рече таа.
На денешната седница на Советот на Град Скопје градоначалникот Петре Шилегов предложи 2020 да биде прогласена за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од неговото раѓање. За предлогот гласаа 32 советници, меѓу кои и советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Тргнувајќи од творештвото и од книжевната моќ на делување на скопјанецот Јаневски, во негова чест Градот планира да именува улица и еден од библиотечните клонови при Градската библиотека, изложба за животот и делото на Славко Јаневски во Музеј на град Скопје, распишување на конкурс за уметници коишто ќе творат во негова чест, поддршка во реиздавањето на неговите дела, изработка на мурал на еден од скопските ѕидови“ и многу други активности.
-Град Скопје се грижи и ги вреднува нашите вистински вредности, а тоа ќе го докажува и преку низата планирани активности што ќе ги организира во текот на целата 2020 година во чест на овој наш творец, односно истакнат македонски романописец, поет, есеист, филмски сценарист и сликар, соопшти Град Скопје.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период