Шинѕо Абе: Потребни се нови начини за да се спречат заканите од Пјонгјанг
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе порача на заседанието на Генералното собрание на ОН дека светот треба да најде нови начини да ги спречи заканите од Северна Кореја, откако Пјонгјанг, кој одамна е под меѓународни санкции, изврши повеќе нуклеарни и ракетни тестирања.
- Нема алтернатива за пораката дека таа закана добила димензија, која е целосно различна од она што досега се случувало, истакна Абе, додавајќи дека заканата од Пјонгјанг кон меѓународната заедница станува се посериозна и пореална.
Затоа, како што тој наведува, потребни се нови начини да се одговори на таа закана, „целосно поинакви од она што го применувавме досега“.
Абе не потенцира за какви точно акции станува збор, но најави дека Јапонија ќе го искористи своето место на непостојана членка на Советот за безбедност на ОН да истражи нови опции.
Инаку, на заседанието на Генералното собрание на ОН учествува и македонска делегација, предводена од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг