-->
-->
Ширле во Борусија Дортмунд
-->

Борусија Дортмунд на својата интернет страница го потврди трансферот на германскиот репрезентативец Андре Ширле (25). За трансферот на Ширле Борусија издвои 30 милиони евра.
„Тој е играч кој има 25 години и богато интернационално искуство. Неговиот квалитет многу ќе ни значи во наредната сезона“, рекол спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.
Ширле, кој е поранешен фудбалер на Мајнц, Баер Леверкузен, Челзи и Волфсбург, со Борусија потпиша петодишен договор.
Со неговиот трансфер тренерот Томас Тухел формира репрезентативно трио (Геце, Ројс, Ширле) кое ќе игра зад напаѓачот Обамејанг.
Андре Ширле е осмото и воедно најскапото засилување за Борусија во преодниот рок. Претходно на Вестфален пристигнаа: Усман Дембеле (Рен, 15 млн евра), Рафаел Гереиро (Лориен, 12 млн евра), Себастијан Роде (Баерн Минхен, 15 млн евра), Марк Бартра (Барселона, 8 млн евра), Емре Мор (Нордсјиланд 9 млн евра), Микел Морено (Осасуна 4 млн евра) и Марио Геце (Баерн Минхен 23 млн евра).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
-

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
