Ширум светот бијат камбани во сеќавање на загинатите од Алепо
Црквите во целиот свет се приклучија кон предлогот на Финска, секој ден камбаните да бијат во спомен на загинатите цивили во битката за сирискиот град Алепо.
Предлогот беше даден на 12 октомври од лутеранската црква во хелсиншкиот град Калија.
- Откако ги прочитавме вестите тој ден за Алепо решивме да бијат камбаните со погребален звук во 17 часот во спомен на загинатите. Првично замоливме неколку локални цркви да ни се приклучат, изјави викарот Тимо Лајасалу.
Речиси стотици цркви во цела Финска и во Европа се приклучија, а евангелистичката лутеранска црква во Финска има сајт под името „Камбани за Алепо“. Според сајтот над 500 цркви од 20 земји меѓу кои Велика Британија, САД и Австралија се приклучиле. Камбаните ќе бијат секој ден до 24 октомври, Меѓународниот ден на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата