Шлепер прегази велосипедист во Скопје, почина на Ургентен
Во изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои во една загинало едно лице, а во седум се се полесно повредени осуммина. Во седум сообраќајки е причинета само материјална штета.
Велосипедист од Скопје им подлегна на повредите во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза, откако во 9:40 часот на улица 2 во населба Илинден, во близина на местото каде се спојува со ул.5 во Скопје, учествувал во сообраќајна незгода со товарно моторно возило Мерцедес со Скопски регистерски таблици, управувано од жител на н.м. Цветово.
Сообраќајната полиција санкционирала 13 возачи за не почитување на ограничувањата на брзината на движење на возилата, двајца возачи се исклучени од сообраќај порди тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а четворица возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди. Вкупно 22 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани.
Полицијата откри и санкционира и 59 непрописно паркирани возила, четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила.
Одделението за превенција во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Срничка“,објект „Црвенкапа“ која се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип