Балкан
20. јуни 2016 - 20:43

Шокантна изјава - И полицијата и сите ние знаеме кој е убиецот на Јелена

 
 
– И полицијата и сите ние знаеме кој е убиецот, но не постојат доволно силни докази за на суд. Тоа е единствената причина заради која убиецот се уште е на слобода, вели српскиот криминолог Златко Николиќ за случајот со убиството на пејачката кој веќе со месеци е отворен.
 
Според него, убиството на пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ, било темелно испланирано и ништо во тој план не било оставено на случајот, па така ниту СМС пораките кои и биле праќани, тврди Николиќ во изјава за српски Информер.
 
За потсетување, Јелена беше убиена на втори април, а полицијата се уште не успева да го пронајде сторителот на ова сурово злосторство кое го потресе Балканот.