Снимката која ја постави страницата "Secureteam10", еден од најпознатите канали на ЈуТјуб кој се занимава со прашањата на НЛО, покажува како на една надворешна камера се појавува „дамка“ во текот на преносот во живо на НАСА, а потоа се гледа чуден правоаголен објект како се движи.
Видеото е прегледано повеќе од 270.000 пати, а некои коментатори шпекулираа како намерно е „заматена“ за НАСА да скрие некој објект за кој не сака да се дознае.