Шолц за Си-Ен-Ен: Тоа што Маск го прави е „навистина одвратно“
Германскиот канцелар Олаф Шолц во изјава за Си-Ен-Ен синоќа ги искритикува американскиот милијардер Илон Маск, oсновач на компанијата Тесла, велејќи дека тоа што тој го прави е „навистина одвратно“.
-Јас сум гневен што Илон Маск се вмешува во корист на крајната десница и што Илон Маск исто така не реагира адекватно на убиствата на толку многу Евреи и други луѓе во Европа извршени од Германците во минатото, изјави Шолц и додаде дека Германија ќе ја носи „историската одговорност“ за тоа и во иднина.
Маск e еден од најбогатите луѓе во светот и близок сојузник на конзервативниот американски претседател Доналд Трамп.
Во изминатиов период тој сè повеќе се асоцира со екстремната десница и веќе неколку недели активно ја поддржува крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (AфД), а во пресрет на предвремените избори на 23 февруари.
-Ако го читате печатот во Германија ќе видите дека има многу милијардери кои исто (како и Маск) се мешаат во политиката. Тоа не е ново.
Ново е тоа што тој се вмешува во корист на десничарските политичари низ цела Европа. И тоа е навистина одвратно. И тоа не е добро за демократскиот развој во цела Европска Унија, изјави Шолц.
Маск во видео настап на собир на AфД викендов изјави дека Германците „треба да го напуштат чувството за историска вина“ поради Холкаустот, и ова го кажа во пресрет на поменот во чест на милионите убиени во концентрацискиот логор Аушвиц.
На почетокот на месецов, Маск имаше разговор со лидерот на AфД, Алис Вајдел, и на својата социјална мрежа „X“, изрази подршка за партијата додека за Шолц напиша дека е „некомпетентен глупак“
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче