Шпанците помлади од 60 години вакцинирани со Астра Зенека може да добијат втора доза од оваа вакцина
– Шпанците на возраст под 60 години кои ја примиле првата доза на вакцината на Астра Зенека ќе им биде дозволено да добијат втора доза или од тој производител или од Фајзер, соопшти шпанската министерка за здравство Каролина Даријас.
Таа додаде дека ова е исклучок поради вонредни околности.
Шпанија во март ја ограничи употребата на вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 на луѓе постари од 60 години, поради загриженост за можна појава на згрутчување на крвта кај помлади луѓе по вакцинирањето. Со тоа околу 1,5 милиони Шпанци кои ја примија првата доза на Астра Зенека беа во неизвесност.
Студијата Комбивакс, спроведена од шпанскиот институт за здравство Карлос III, утврди дека вакцинацијата со вакцината на Фајзер кај луѓе кои ја примиле првата доза на Астра Зенека е безбедна и ефикасна.
Ново на Сител
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
