Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
Шпанската национална полиција, во соработка со Европол и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), изврши инспекции во Малага, Севиља и седум други градови за да открие мрежа на компании кои донеле повеќе од 2,000 тони фалсификувана стока во Европа од 2023 година, објавија шпанските медиуми.
Во рамките на акцијата уапсени се 73 лица, а уште 19 се под истрага за учество во продажба и дистрибуција на фалсификувани материјали во рамките на Шенген зоната.
Според извештаите, извршени се вкупно 34 инспекции во Мадрид, Малага, Барселона, Севиља, Валенсија, Сарагоса, Балеарските Острови, Мурсија и Тарагона.
Запленети се над 300,000 предмети, претежно фудбалска опрема, луксузни чанти, чевли и часовници, како и фалсификувани материјали, со вкупна пазарна вредност од над 12,500. 000 евра.
Компаниите кои се занимаваат со носење лажна роба од Кина во ЕУ биле лоцирани во Германија и Холандија, а производите биле наменети за продажба на улични тезги, како и преку социјалните мрежи и веб-страниците.
Според шпанската полиција, истрагата започнала во мај 2024 година. Со оглед на тоа што оваа година се одржаа настани како Европското фудбалско првенство и Олимпијадата во Париз, засилени се полициските акции за откривање на пристигнување на фалсификувани производи во Шпанија.
Според информациите, оваа операција се уште е во тек, а се очекува во Шпанија да бидат уапсени повеќе луѓе.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот