Кошарка
14. August 2023 - 14:47

Шпанија по 6-ти пат европски кошаркарски шампион во конкуренција до 16 години

Шпанија е победник на кадетското европско кошаркарско првенство во Скопје откако вчеравечер во финалето ја совлада Италија со 77:68.Шпанците го завршија натпреварувањето со максимален ефект и сосема заслужено стигнаа до шестиот трофеј во оваа возрасна категорија.

Гиљермо Дел Пино постигна со 22 поени, и ја освои МВП титулата на турнирот.

Шпанецот Гилдас Хименез му се придружи на својот соиграч Дел Пино во Ол-стар петорката, заедно со Италијанецот Маикол Перез, потоа Акрам Наџи од Франција и Артурас Бутајевас од Литванија.

Третото место и припадна на Франција која во малото финале со 88:62 ја победи  Литванија.

Најдобрите пет репрезентации, Шпанија, Италија, Франција, Литванија и Германија се квалификуваа за Светското првенство „Под 17 години“ во 2024 година, заедно со домаќинот – Турција.

Македонската репрезентација првенството го заврши на последното, 16. место и испадна во Б-дивизија.