-->
-->
Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-->

Шпанија синоќа во Сплит ја победи Хрватска со 2:1 во натпревар од 4. коло во Лигата на нации.
Домаќините го отворија резултатот со голот на Иван Перишиќ во 17. минута. Микел Мерино го израмни резултатот во второто полувреме.
Мерино го постигна својот втор гол кон крајот на натпреварот.
Десет минути пред крајот на регуларниот дел, Перишиќ доби втор жолт картон и беше исклучен.
Шпанија сега има 12 бода и е прва во Групата А3. Хрватска е трета со три бода.
Следниот натпревар на Шпанија ќе биде на гостински терен против Чешка, додека Хрватска ќе се соочи со Англија. Натпреварите ќе се играат на 12 ноември.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
