-->
-->
Шпански хуманитарен брод спаси 73 мигранти крај либискиот брег
-->
Екипажот на шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс” спасил 73 мигранти кај либискиот брег.
Меѓу мигрантите имало четири жени, две деца на возраст од три и четири години, како и 24 малолетни лица без придружба, соопшти на Твитер оваа невладина организација.
„Опен армс” наведува дека на мигрантите имало видливи траги од прострелни рани, како и дека поголемиот дел од нив биле во состојба на хипотермија.
Вториот хуманитарен брод „Оушен викинг” во средата соопшти дека спасил 30 лица, исто така, кај либискиот брег, со што вкупниот број на спасени мигранти на овој брод се накачи на 125, пренесуваат американските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции