Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот на техничката Влада Mаријано Рахој
Мнозинството пратеници во шпанскиот Парламент му изгласаа недоверба на претседателот на техничката влада, Маријано Рахој, со што е оневозможено формирањето функционална влада и се продлабочи политичката криза во земјата, а воедно почна и одбројувањето до третите избори за само една година.
Француските медиуми пренесуваат дека, по вчерашната жолчна расправа во Парламентот, на Рахој, инаку лидер на конзервативната Народна партија (ПП), пратениците со 189 гласа „против“ му изгласаа недоверба наспроти 170-те кои беа „за“.
На сегашниот технички премиер му беше потребно апсолутно мнозинство од 176 гласа во 350-члениот парламент, но тој беше поддржан само од неговата партија, центристичкото движење „Сијудаданос“ и еден пратеник од Канарските острови, пренесува Танјуг.
Народната партија, која е на власт од 2011 година, на изборите во декември и јуни освои мнозинство од пратеничките места, но два пати остана без апсолутно мнозинство бидејќи гласачите, гневни заради корупција и строгото штедење, се свртеа кон новоформираните партиски опции.
Во Парламентот во петок ќе се одржи уште едно гласање за доверба, а на Рахој тогаш ќе му треба просто мнозинство, односно повеќе гласови во негова корист отколку против него, но и тогаш има мали шанси тој да успее во тоа, оценуваат француските медиуми.
Социјалистите, кои на изборите беа второпласирани, одбија да го поддржат Рахој, а нивниот лидер Педро Санчез во Парламентот кажа дека Рахој „нема кредибилитет“.
Доколку за два месеца не се формира новата влада, Парламентот повторно ќе биде распуштен, а Шпанците ќе бидат повикани на нови избори, на 25 декември, наведуваат американските медиуми.
Со оглед на цврстите ставови на партиите аналитичарите сметаат дека третите избори сега се најверојатното сценарио.
Ново на Сител
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците