Шпанскиот Сенат решава за суспензија на автономијата на Каталонија

Шпанскиот Сенат денеска треба да се изјасни за барањето на Владата на премиерот Маријано Рахој за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, со што практично ќе биде суспендирана автономијата на Каталонија.
Сенатот треба да и одобри на Владата преземање директна управа над Каталонија, со цел да се спречи прогласување на нејзина независност.
Со одлуката на Мадрид ќе му се овозможи распуштање на каталонската регионална Влада, ограничување на надлежностите на Парламентот во Барселона и распишување на предвремени избори, до чие одржување со Каталонија би раковедел посебен орган именуван од страна на шпанскиот Кабинет.
Комисија на шпанскиот Сенат синоќа го одобри предлогот на Владата, откако претходно го прифати амандманот од опозициската Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), со кој се предвидува постепено и пропорционално воведување на мерките, зависно од развојот на ситуацијата во Каталонија.
Конзервативната Народна партија (ПП) на Рахој има апсолутно мнозинство во Сенатот, па усвојувањето на одлуката се очекува да биде само формалност.
Исто времено, во Барселона треба да продолжи седницата на каталонскиот Парламент, пред кој вечера претседателот на регионалната Влада, Карлес Пуџдемон нагласи дека одлучил да не побара свикување предвремени парламентарни избори, бидејќи не добил гаранции дека во таков случај Мадрид ќе се откаже од суспензија на автономијата на Каталонија.
- Препуштаме на каталонскиот Парламент да ги одреди последиците од примената на членот 155 на Уставот против Каталонија, рече Пуџдемон,
Шпанската Влада се реши на ваквиот потег, откако властите во Барселона на 1 октомври спроведоа референдум за независонсот на Каталонија, кој беше прогласен за нелегален од страна на Мадрид. На референдумот гласаа околу 40 отсто од регистрираните избирачи, од кои над 90 проценти се изјаснија за независност.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
