Свет
8. September 2017 - 8:56

Шпанскиот Уставен суд го укина законот за референдум за независност на Каталонија

 Шпанскиот Уставен суд го укина законот за референдум, кој вчера беше усвоен од каталонскиот Парламент, со што прекинува процедурата за одржување референдум за независност на автономната област на 1 октомври.

Спроведувањето на законот се стопира додека судиите го разгледуваат барањето од шпанската Влада за поништување на референдумот, бидејќи смета дека е неуставен.

Претходно денеска шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека ќе побара од судот да го прогласи референдумот за незаконски.