„Шпилје“ и „Глобочица“ со полн капацитет

Зголемиот дотек на вода во акумулациите поради обилните дождови, услови двете хидролектрани „Шпилје“ и „Глобочица“ кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, да работат со полн капацитет.
Заклучно со 10 мај, двата значајни објекта кон македонскиот електроенергетски систем испорачале над 221 милион киловат часови електрична енергија.
- Во ХЕЦ „Шпилје“ се произведени над 131 милион киловат часови елекрична енергија, што е околу десет отсто повеќе од планот за овој период од годината, додека во ХЕЦ „Глобочица„ околу 90 милиони или три проценти повеќе од планираното, велат од ЕЛЕМ.
Просечниот дотек на вода во акумулациите е по над 60 метри кубни вода во секунда. Акумулациите се со исполнетост од 85 отсо или, во двете акумулации има резерва на вода за производство на околу 50 милиони киловат часови електрична енергија.
Поради поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема да ја прими и преработи целата количина на вода, се очекува оваа година да биде меѓу рекордните по произвидство.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
