Штајнмаер и порачува на Британија да не си игра со оган

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги предупредува британските активисти коишто се залагаа за излегување од ЕУ „да не си играат со оган“ со користење на британски национализам.
Во допис до британскиот весник „Ивнинг стандард“ Франк Валтер Штајнмаер вели дека тие што „врескаа за излегување“ од ЕУ без притоа да знаат што ќе биде следен чекор се „будали и неодговорни“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според Штајнмаер, преку политичкиот и економскиот хаос што и се случува на Велика Британија може да се види што ќе му се случи на континентот доколку биде укината Европската унија.
Штајнмаер е еден од германските политичари којшто постојано повикува на побрза и подлабока интеграција на ЕУ на полето на имиграцијата, економијата и воените прашања.
„ Потресите во Велика Британија исто така покажуваат дека луѓето коишто бараа излегување, коишто бараа да се заврши со ЕУ , немаат одговор на прашањето што е следно. Кога земјата ќе замине од ЕУ или кога унијата ќе биде укината“. пишува Штајнмаер.
Според шефот на германската дипломатија којшто го цитира екс францускиот претседател за кого „национализмот значи војна“, тие кои што сакаат да го искористат национализмот си играат со оган.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
