Штајнмајер: Изјавите на Трамп за НАТО се загрижувачи

Изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека НАТО е застарена организација, предизвикуваат загруженост меѓу официјалните претставници на Алијансата, оцени денеска шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајмајер.
- Таквите изјави се во спротивност со она што го рече новиот американски секретар за одбрана на сослушувањето пред неколку дена и мораме да видиме какви последици ќе имаат тие по американската политика, изјави Штајнмајер во Брисел по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Трамп во заедничко интервју за најтиражниот германски весник „Билд“ и за британскиот „Тајмс“ оцени дека НАТО е застарена организација, која не се потрудила да се справи со тероризмот.
- НАТО има проблеми. Прво, оваа Алијанса е застарена затоа што е создадена пред многу многу години, а второ, земјите членки не плаќаат колку што треба да платат, изјави Трамп.
Според него, само пет членки на Алијансата го плаќаат својот дел од трошоците.
- Би требало да ги штитиме тие земји, а многу од нив не го плаќаат тоа што треба да платат. Тоа е многу нечесно кон САД, истакна Трамп.
Ново на Сител
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
-

ДУИ: Државата итно да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните
-

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен, ќе се следат цените на прехрамбените производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски очекува реакција од ЕУ за забраната на Менкиновски за влез во Бугарија
-

Со искуства од регионот ќе се јакне јавната служба
-

Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: Потребни се конкретни, но системски промени
-

Општините од Југоистокот со заеднички проект за почист воздух
